(ВИДЕО) Трагедија во Истанбул – најмалку 27 лица загинаа во пожар во ноќен клуб

by Fokus

Најмалку 27 лица загинаа, а едно е тешко повредено во пожар во ноќен клуб во Турција.

Клубот, во подрумот на зграда во Истанбул, беше затворен и се реновирал во текот на денот.

Во изјава за медиумите, гувернерот на Истанбул – Давут Ѓул изјави дека причината за пожарот се уште не е позната, пренесува Би-би-си. Тој додаде дека истрагата е во тек.

Сочувство преку социјалните мрежи изрази градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

„Господ да ги помилува нашите граѓани кои ги загубија животите, а на нашите повредени им посакувам брзо закрепнување“, рече тој во објавата на Х.

Поврзани новости