По разорното торнадо што го погоди југот на САД, американскиот претседател Џозеф Бајден рано утринава прогласи вонредна состојба во државата Мисисипи.
Со оваа одлука, најтешко погодените окрузи Керол, Хемфрис, Монро и Шарки во сиромашната делта на Мисисипи беа ставени на располагање од федералниот буџет, пренесува АП.
Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени во опасното невреме кое пропратено со торнадо ја зафати државата.
Екипите за пребарување и спасување денеска продолжија да копаат низ урнатините во потрага по преживеани, а стотици граѓани се раселени.
New video of Mississippi tornado: Surveillance video footage from Amory High School shows the intensity of the deadly storm. #Mississippi #Tornado pic.twitter.com/72ro5MIRmO
— TV News Now (@TVNewsNow) March 26, 2023
Администраторот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби, Дин Крисвел денеска треба да ги обиколи погодените области и да ја процени штетата.
Во меѓувреме, Националната метеоролошка служба (NMS) предупреди дека се уште постои ризик од посилни временски услови денеска со силни ветрови, град и можно торнадо во источна Луизијана, јужен и централен Мисисипи и јужна и централна Алабама.
Врз основа на првичните проценки, торнадото е класифицирано како ЕФ-4, што значи дека било придружено со ветрови од 265 до 320 километри на час, соопшти НМС.