578
На денешната дебата на косовската телевизија Клан ТВ дојде до физичка пресметка помеѓу пратениците Фрашер Красниќи од „Самоопределување“ и Милаим Зека од „Иницијатива“.
Прво почнаа да се расправаат со тешки зборови и да си упатуваат навреди по што во еден момент Красниќи фрли вода кон Зека. На тоа, тој одговори со фрлање на предмети, па следуваше физичка пресметка во која Красниќи удри неколку тупаници во главата на Зека.
Сето ова се случуваше во програма во живо, по што водителот мораше да ја прекине емисијата.