841
Дел од демонстрантите кои во моментот се на булеварот пред ТЦ „Мавровка“ предизвикаа тензии и фрлаа со предмети кон полицискиот кордон кој не им дозволува да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието.
Камерата на „360 степени“ регистрираше дека има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош.