835
Тажни слики доаѓаат од опустошените места во Македонија кои во изминатите неколку дена беа зафатени од големи пожари.
„Гласот на Америка“ објави видео од обиколката на противпожарните екипи низ изгорените предели во делчевскиот крај.
До пладне, активни се десетина пожари со различен интензитет и тоа: кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, на Китка и крај патот Шипковица-Бродец, соопштија од Центарот за управување со кризи.