(ВИДЕО) Татко беспомошно гледал како ајкула го убива син му!

by Fokus

Ужасни глетки денеска на јавната плажа „Дрим Бич“ во Хургада (Египет) – ајкула убива човек.

Девојката успеала да побегне, а таткото на младото момче, чие име според руските медиуми е Владимир Попов, гледал како ајкулата го носи во смрт, пренесува „Сан“.

Попов наводно има 23 години и неодамна се преселил во ова одморалиште, со својот татко.

Министерството за надворешни работи на Русија ја потврди смртта на државјанин од напад на ајкула.

На руските туристи им беше кажано да бидат внимателни во популарното одморалиште и да ги следат упатствата и забраните на персоналот во хотелот.

 

Поврзани новости