Трамп бара ново судење за случајот со сексуална злоупотреба на писателката

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуален напад и клевета и беше наредено да и плати отштета од 5 милиони долари.

Адвокатите на Трамп пред федералниот суд на Менхетен изјавија дека делот од обештетувањето од два милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е „претеран“ бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква ментална повреда, според Асошиетед прес.

Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е „заснована на чиста шпекулација“.

Во тужбата поднесена од писателката во 2022 година, се наведува дека Трамп ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ во Њујорк во средината на 1990-тите.

Трамп, од друга страна, ги отфрли нејзините наводи како „лажни“.

Поврзани новости