ВИДЕО Тамара во интервју за 1ТВ: Имавме смешен буџет, работевме на шкрги

by fokus

Македонската ѕвезда на овогодишната Евровизија, Тамара Тодевска, која освои најдобар пласман до сега, вели дека и покрај малиот буџет нејзиниот тим се посветил целосно на настапот.

Веднаш по пристигнувањето во Скопје, Тамара замина во студиото на 1ТВ каде даде триесетминутно интервју и ги раскажа сите детали од нејзиното искуство во Тел Авив.

-Немавме некој буџет. Наменети се 150.000 за двете евровизии, детската и нашата. 100.000 евра се за големата, од тие 36.000 се плаќа учество, останатите 64.000 се смешни пари. Немавме за ништо, сите луѓе што дојдоа, дојдоа без пари, работевме на шкрги – рече Тамара.

Таа додаде дека е воодушевена од гостпримството на Израелците и дека смета оти испеала најдобро до сега.

 

Поврзани новости