123
За време на денешниот празник Богојавление – Водици, кое се одржа и во Црна Гора, се случи интеренсен и несекојдневен момент.
Во општината Плужине, покрај верниците, во вода скокна и попот откако претходно го положи осветениот крст во Пивското езеро.
Свештеникот, стоејќи во гумен чамец, ги благословуваше учесниците и кога по третпат рече „Бог се јави“, го фрли крстот во водата. Откако му честиташе на победникот кој го фати крстот, свештеникот Лука Цицмил се придвижи кон камерата, рече „Бог се јави“ и облечен скокна во водата.
Но, се чини дека тоа е традиција кога станува збор за овој свештеник. Тој и во 2022 година во мантија скокнал во езерото.