(Видео) Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Тирана, бараат оставка од Рама

by irena 11:58
11:58

Протестот на албанската опозиција против владата на премиерот Еди Рама вчера ескалираше во насилство пред зградата на Владата во Тирана.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата интервенираше со водени топови. Во инцидентите има повредени и приведени лица.

Собирот, на кој се бара оставка од премиерот, беше организиран од Демократската партија на Албанија со поддршка од други опозициски субјекти.

За време на судирите, дел од учесниците тврдат дека полицијата употребила солзавец и спреј. Според информации од терен, повредени се неколку лица поврзани со опозицијата, а дел од демонстрантите се приведени.

Засега нема детални официјални информации за вкупниот број на повредени и уапсени.

 

Слични вести