(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија – авиони се судрија кај Рим, еден падна на сред улица, пилотите загинаа

by Fokus

Страшна сцена се случи денеска во Италија кога двајца пилоти загинаа кога воените авиони со кои летаа се судрија над Гвидонија Монтечелио, на околу 35 километри североисточно од Рим.

Едниот од лесните авиони се урна во земја во воздухопловната база Гвидонија, другиот удри во паркиран автомобил на улица во Колфиорито, блиска урбана област. Други повредени нема, јавува локалните медиуми.

Очевидци изјавија дека четири лесни авиони летале во формација, кога двата авиони се судриле.

Во име на италијанската влада говореше и премиерката Џорџа Мелони.

Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на двајцата пилоти и до целото воздухопловство.

Поврзани новости