(ВИДЕО) Стоилковски објави дел од договорот со „Бехтел и Енка“, платени се 117 милиони евра, а градежни активности нема

by Fokus

„Таблата се уште стои, речиси 2 месеци по договорот, од 8-ми март, а еден месец по прославата токму тука кај патарината помеѓу Тетово и Гостивар на 4 април, ама теренот зад мене се уште е трева и нема никакви градежни активности. Единствена активност во оваа држава е плаќањето на 117 милиони евра, без работа на терен. И таа сума ќе надмине 300 милиони, заради пенали, пак без работа на терен“ рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој презентираше „ексклузивно дел од Договорот којшто власта го крие, а свиркач го достави до ВМРО-ДПМНЕ“.

„Во слободен превод: „Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот, да се иницираат пред-градежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на пред-градежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали” (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите) како “и формирање лабораторија”. Се’ ама нема градилиште, нема градба, а пари се исплаќаат! Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС, го кријат договорот, потврдија дека исплатиле пари, токму како што пишува тука“ рече Стоилковски.

Поврзани новости