(ВИДЕО) Спектакл на Челзи и Сити – осум гола во нереален натпревар

by Fokus

Фудбалерите на Челзи и Манчестер Сити одиграа во Лондон без победник, 4:4 (2:2) во спектакуларен дерби натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига.

Сити поведе преку Ерлинг Халанд во 25. минута од пенал. По пресврт следеа домашните голови на Тиаго Силва во 29. минута и Рахим Стерлинг во 37. минута, а Мануел Аканџи го постигна израмнувачкиот гол во судиското надополнување на првиот дел.

Во ист ритам продолжи и во продолжението. Халанд по вторпат ја погоди мрежата, во 47. минута.

Николас Џексон го израмни резултатот во 67 минута. Гостинските навивачи се надеваа дека голот на Родри во 86. минута е победнички, но Рубен Диаш направи пенал кој го реализираше Кол Палмер во петтата минута од судиското надополнување.

Манчестер Сити е прв на табелата со 28 бодови, а Ливерпул и Арсенал имаат по 27. Челзи е на 10. место со 16 бодови.

Поврзани новости