(Видео) Собир во Бања Лука против резолуцијата за Сребреница; Додик: Никој не ги спомнува убиените Срби

by Fokus

На плоштадот Краина во Бања Лука се одржа народен собир „Србија те вика“, по повод резолуцијата за Сребреница, за која во мај ќе се расправа во Генералното собрание на ОН.

На митингот говореа претставници на политичкото раководство на Република Српска, претставници на здруженијата на ветераните кои потекнуваат од патриотската војна и разни здруженија на граѓани. На присутните им се обрати и претседателот на Република Српска Милорад Додик.

„Тоа беше злосторство, но не беше геноцид. Тоа е страшен збор што сакаат да го стават на нашиот грб и на нашите деца“, рече Додик.

„Потрагичен е фактот што 3.500 Срби убиени во областа на Сребреница и Братунац, наместо нас, никој друг не ги забележува. Одвратниот западен свет ја турка Сребреница на политичко поле, за да ги квалификува Србите како единствен народ кој сторил такво нешто“, вели Додик.

Тој додаде дека овој собир е важен и испраќа јасна порака – „не сакаме да живееме со оние кои сакаат да кажат дека српскиот народ е геноциден“.

„Нема да бидеме со вас во иста земја, ако сакате да ги прикажете Србите како такви“, порача Додик.

Тој посочи дека Бањалука ќе биде дел од Република Србија.

„Србија е наша земја и да беше божја, уставна и секоја друга правда, ние ќе бевме составен дел на Србија, а не оваа држава Босна и Херцеговина“, рече Додик на јавниот собир на преполниот плоштад во Бања Лука.

„Белград е нашиот главен град, Бања Лука е нашиот главен град“, посочи Додик.

Тој им се заблагодари на сите патриоти кои присуствуваа и јасно и гласно го искажаа својот став против Резолуцијата за Сребреница.

Вечерва тој ги повика муслиманите да ја повлечат предложената резолуција за Сребреница ако сакаат да живеат заедно со Србите во Босна и Херцеговина, а ако не сакаат, тогаш Република Српска ќе размислува како и колку долго ќе учествува во животот во Босна и Херцеговина.

Поврзани новости