Ковачевски: Нема откажување, ние сме единствената опција за европска иднина на државата

by Fokus

За нас ЕУ е приоритетна цел и единствена алтернатива. Само членството во ЕУ може да ги донесе суштинските промени во нашата држава. Повисоки плати и пензии, посилна економија и повеќе работни места, како и европски животен стандард за сите наши граѓани, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„СДСМ и Коалицијата за европска иднина се единствената опција која може да обезбеди европска иднина на нашата држава. Ние имаме пред нас јасен план и визија.

Тоа и ќе го потврдиме со голема победа на 8-ми мај, победа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски и победа за европска Македонија.

Нема откажување од иднината“ додаде Ковачевски.

Поврзани новости