782
Попладнево пред зградата на Владата во Скопје се одржа уште еден протестен собир на граѓани против вакцинација за Ковид-19 и владините антиепидемиски мерки, објави ТВ24.
„Овде сме дојдени со она што го мислиме и што го чувствуваме, а тоа е правото на слобода“, рече една од учесничките која се обрати пред собраните граѓани.
Присутните побараа да се укинат мерките, кои според нив ги ускратуваат основните човекови права. Дел од нив носеа транспаренти со натписи „Имунитет со витамини, не вакцини“ и „Јас сум без симптоми, јас сум здрав“.