Со свечена воена церемонија наречена „Големата вечер“ вечерва германската канцеларија Ангела Меркел беше испратена во пензија.
„Големата вечер“е најголемата воена церемонија во Сојузна Република Германија – со факели, војници во свечени униформи, офицери и кореографија испланирани до последен детаљ, а со која се збогува со сојузните канцелари, сојузните претседатели и федералните министри и министрите за одбрана. Тоа е традиција чии корени датираат од 16 век.
На оваа церемонија воениот оркестар свиреше и три песни по избор на Меркел: вселенската црковна песна „Те славиме, Боже, те славиме“ (Großer Gott, wir loben dich), Хилдегард Кнеф; „Нека ми паднат дождови од црвени рози“ (Für mich soll’s rote Rosen regnen) и Нина Хаген: „Го заборавивте филмот во боја“ (Du hast den Farbfilm vergessen).
-Нашата демократија зависи и од нашата способност за критички дискурс и самокорекција. Зависи од разговори за интереси и меѓусебно почитување. Тоа зависи од солидарноста и довербата, особено од довербата во фактите. И секаде каде што се негираат научните факти и се шират кампањи на омраза и теории на заговор, отпорот мора да биде гласен и силен, порача Меркел во својот говор на церемонијата.