569
Од Министерството за внатрешни работи на нивниот јутјуб профил објавија видеоклип од полициската акција во Куманово за разбивање на криминална група која подолг период криумчарела мигранти.
Претходно полицијата имаше иста акција во селото Ваксинце за да открие криумчари кои барале откуп за мигранти. Акциите се последица на зголемениот број мигранти кои транзитираат низ државата на пат кон Европа.