782
Светски познатиот музички фестивал Сан Ремо, кој се одржува по 73-ти пат во Италија беше засенет од скандалот кој на сцената го предизвика младиот пејач Бланко.
Италијанецот кој лани беше победник на фестивалот и кој има само 19 години, за време на својот настап започна да дивее на бината и ја искрши целата сценографија.
Тој ги шутираше цвеќињата и декорациите, фрлаше со плочи на кои беа поставени разни украси, и сето тоа бидејќи се изнервирал поради проблеми со озвучувањето.
-Не можев да си го слушнам гласот во слушалките, му кажа тој на водителот, откако заврши со скандалозниот и вандалски настап.
Публиката го исвирка, а потоа на сцената дојде неговиот колега Џиани Моранди, кој со метла се обидуваше да го среди нередот.
Вики Клинчарова