Вчера во Охрид беше промовирана химната за лицата со ретки болести, како дел од активностите по повод одбележувањето на Денот на ретките болести.
,,Сите сме исти’’ ја изведуваат ,,OhridSUPERSTAR Band’’, кој го сочинуваат Ирма Гогова, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, Емилија Петровска и Христијан Николоски. Песната посветена на Децата со ретки болести е снимена во студиото „Китрозон“. Музиката е на Јовица Каралиевски, текстот го напиша Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски. Дамјан Пејчиноски свири на гитара.
Промоцијата се случуваше во ресторанот Лихнидос, а авторите и изведувачите порачаа дека се горди што се дел од овој проект.
-Од срце се зафативме да го работиме овој проект, да помогнеме со нашата работа, со парче музика да му овозможиме оптимизам на овие лица – изјави Димче Китрозоски. Покрај промоцијата на химната, денот беше одбележан и со марш низ улиците во Охрид на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта, како и индивидуалци и институции кои ја поддржуваат кампањата.
Вики Клинчарова