Поранешниот премиер Никола Груевски денеска повторно седна на обвинителна клупа, во Кривичниот суд, каде што заедно со екс министрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски им се суди за провизиите од кинеските автопатишта, познат како „Траекторија“.
Судот го одби барањето на одбраната „бомбите“,на број 315, во овој случај да не се користат како доказ. Одбраната се сомневаше дека можеби прислушуваните разговори се менувани. Судот дополнително го одби барањето на Груевски да се отфрли и вештачењето на СЈО.
Во моментот во судница се даваат воведните говори за случајот „Траекторија“.
Според обвинението, осомничени се гонат дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.