(Видео) Силно невреме во Турција: поплавени објекти, откорнати покриви, спасувачи со гумени чамци пренесуваат луѓе на безбедно

by Fokus

Улиците и зградите во Измир се поплавени поради порастот на нивото на морето што ги проби крајбрежните бариери по невремето, изјави денеска градоначалникот Тунч Сојер, а невремето го зафати и Истанбул каде силните ветрови ги кренаа покривите на куќите.

Видеата и фотографиите покажуваат поплавени продавници додека пожарникарите се обидуваат да ја испумпаат водата. Државната новинска агенција Анадолија јавува дека поради водата што го поплавила локалниот бар, таму останале заробени група музичари. Спасувачите со гумени чамци ги донеле на безбедно.

Сојер посочува дека климатската криза го погодила и Егејското Море. Регионот е загрозен од екстремни горештини и суша, како и поплави предизвикани од врнежите и зголемувањето на нивото на морето. Силно невреме го погоди и Истанбул, каде силните ветрови ги кренаа покривите од куќите, но нема повредени или жртви, јавува агенцијата DHA.

Турскиот метеоролошки институт во неделата предупреди на лоши временски услови во повеќето од 81 провинција во земјата. Во понеделник се очекува смирување на временските проблеми.

Поврзани новости