(Видео) Силно невреме ја зафати Хрватска: дрвја паднати врз автомобили, сообраќајот во колапс

by Fokus

Краткорочното невреме со грмотевици кое претпладнето го зафати поширокото сплитско подрачје подоцна се префрли и во областа Загора.

Околу 12 часот и 30 минути подрачјето на Имотски го зафати силен дожд во кој наврнаа околу 10 литри дожд. Дуваше силен северозападен ветер кој предизвика материјална штета, пишува Далмација Данас.

– Силно невреме го зафати нашиот град. Се надевам дека нема повредени – пишуваат мештаните на Фејсбук. На видеата кои се објавени се гледа како дрвја паѓаат врз автомобили.

Поврзани новости