Силен земјотрес ја погоди Грција

by irena 11:22
11:22

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција утринава во 09:46 часот.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на локација со географски координати: 38,5121 степени северна географска ширина и 21,3522 степени источна географска должина, на 13 километри од градот Патра.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.

Слични вести