(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Австрија – градот кршеше прозорци, 1.000 домаќинства останаа без електрична енергија

by irena 21:30
21:30

Топлинскиот бран во Австрија беше прекинат од бура проследена со обилни врнежи од дожд и силни налети на ветер. Издадено е предупредување за целиот регион Штаерска, а силното невреме предизвика штети на згради и возила.

Улиците во некои градови се под вода, а бројни подвозници се затворени. Централната област на Грац беше погодена од обилни врнежи од дожд, град и силен ветер.

Околу 1.100 домаќинства во Штаерска останаа без електрична енергија, а како што изјавија официјалните лица, поголемиот дел од штетите беа привремено санирани.

Граѓаните беа предупредени за можни катастрофи, а Црвениот крст дистрибуираше упатства за тоа како да се однесуваат за време на бурата.

На неколку места во општината, по попладневната бура, слој град остана дебел неколку сантиметри, па мораше да се отстрани со лопати или дури и со багери.

Во областа Пила и Вера беа регистрирани неколку случаи на паѓање дрвја поради ветер. Подоцна попладнето, пожарникарите беа повикани неколку пати во пошироката област Кицбил, каде што имаше навлегување на вода во зградите.

Слични вести