Мбапе го тужи ПСЖ

by irena 21:44
21:44

Килијан Мбапе поднесе тужба против Пари Сен Жермен, обвинувајќи го клубот за „морална злоупотреба“, потврди обвинителството во Париз.

Мбапе, кој минатото лето се пресели во Реал Мадрид како слободен агент, тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра неисплатени плати.

Мбапе е незадоволен од начинот на кој ПСЖ го третирал, особено кога бил изоставен од тимот пред почетокот на сезоната 2023-24. Неговата одлука да не го обнови договорот со клубот доведе до несогласувања, а во тужбата се тврди за „лофтинг“, практика што наводно ги изолира или исклучува играчите од првиот тим од спортски, административни или дисциплински причини.

Мбапе помина седум години во ПСЖ, постигнувајќи рекордни 256 гола, но односите со клубот завршија во затегнати околности по неговата одлука да не го продолжи договорот во 2023 година. Во јуни 2023 година, Мбапе го изненади ПСЖ информирајќи ги дека нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот за уште една сезона, со што договорот практично влезе во неговата последна година.

Оваа одлука го стави ПСЖ во ситуација каде што сакаат да го продадат за да избегнат негово слободно заминување следната година. Поради таквата одлука, Мбапе беше изоставен од предсезонската турнеја во Јапонија и Јужна Кореја, а тој тренираше надвор од првиот тим.

Потоа ПСЖ сакаше да го продаде Мбапе, наместо да го пушти да си замине бесплатно следната година, но тој ја одби понудата на Ал Хилал, кој понуди дури 300 милиони евра за трансферот. Подоцна, по преговорите со клубот, тој беше вратен во тимот и повторно се врати во составот за почетокот на сезоната, но на крајот отиде во Реал бесплатно.

Адвокатскиот тим на Мбапе објави во април 2024 година дека ќе покрене судска постапка против ПСЖ за малтретирање, тврдејќи дека условите на кои бил изложен во текот на летото 2023 година биле несоодветни и дискриминаторски.

Слични вести