181
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, доколку тоа беше можно за време на 12-дневната војна меѓу двете земји, изјави денеска израелскиот министер за одбрана – Израел Кац.
„Доколку Хамнеи ни беше на нишан, верувам дека ќе го елиминиравме“, рече Кац во интервју за израелската телевизија „Кан“.
„Но, Хамнеи беше свесен за ова, се криеше многу длабоко под земја и ги прекина контактите со командантите кои ги заменија оние кои беа елиминирани, па затоа на крајот не беше реално“, рече тој.
Во војната што започна на 13 јуни, Израел уби голем број врвни ирански воени команданти и нуклеарни научници.