(ВИДЕО) Силјановска: Ќе бидам натпартиски кандидат, ја барам поддршката од сите граѓани и од Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Професорката Гордана Силјановска Давкова се обрати преку видео откако и официјално беше објавено дека се пријавила на конкурсот на  ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат.

– По долго размислување решив да ја прифатам иницијативата на моите почитувани колешки и колеги за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. За таа цел ја барам поддршката од сите граѓани на Република Македонија, од Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти и актери. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Република Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глас на вистинските европски вредност, вели Силјановска Давкова во видео обраќањето објавено на Јутјуб.

Поврзани новости