Бугарскиот копретседател во Мешовитата комисија за историја и образование меѓу Македонија и Бугарија, Ангел Димитров, во текот на деведесетите години на минатиот век бил бугарски дипломат во Скопје, прво како генерален конзул, а потоа и амбасадор на Република Бугарија во Македонија.
Единственото интервју кое тој го дал за македонски медиум, за време на тогашната дипломатска мисија во нашата држава, било за А1 телевизија и е снимено во мај 1995 година. Разговорот бил водел од Ненад Живановски, тогашен новинар на А1 Телевизија, а сегашен соработник на неделникот Фокус од Лондон
Во неколку минутниот разговор, амбасадорот Димитров зборувал за Скопје и Македонија, при што на прашањето за неговите впечатоци за новата средина во која службувал, тој, меѓу другото, одговорил дека за него и за неговото семејство немало поголем проблем во адаптацијата во новата средина, бидејќи биле во предност во однос на другите дипломати.
„За нас Бугарите, тука нема ништо непознато, бидејќи нѐ зближуваат многу нешта од историјата, јазикот, менталитетот“ – рекол Димитров.
Прашан дали дошол да службува во Скопје со некакви предрасуди или предубедување, Ангел Димитров во интервјуто одговорил:
„Јас сум по преофесија историчар, и оваа професија ме научи да не се служам со предрасуди и предубедувања, туку да градам посигурен и потолерантен однос на нештата. Јас овдека воопшто не дојдов со некакви претходни предубедувања (…) јас дојдов во една средина која ми е доста блиска“.
Во продолжение можете да го погледнете целото интервју: