Шпанските власти заплениле речиси 10 тони кокаин, а зад досега најголемата пратка дрога откриена во таа земја стои балканскиот картел, пренесува „Ел Мундо“.
Според претставникот на полицијата, никој не е уапсен, но не е исклучено тоа да се случи во наредните денови, пишува „Ел Мундо“.
„Во пристаништето Алгесирас, на југот на земјата, во средата е запленета најголемата пратка кокаин во Шпанија – 9.436 килограми“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и царината.
Дрогата била „во фрижидер од Еквадор, скриен во сандаци со банани“, се додава во соопштението.
🚩Histórica operación antidroga en el Puerto de #Algeciras
🔵El mayor alijo de #cocaína intervenido nunca en España
🔵9,5 toneladas ocultas en cajas de bananas dentro de un contenedor marítimo procedente de #Ecuador #SomosTuPolicía pic.twitter.com/NrClE0Q0GZ
— Policía Nacional (@policia) August 25, 2023