Кумановец со нож ги заклал сопругата и мајка ѝ, а потоа скокнал од прозорец и се самоубил

by fokus

Четириесет и шестгодишен кумановец со нож ги убил шест години помладата сопруга и нејзината мајка, а потоа скокнал од прозорец и се самоубил.

-Денеска (25.08.2023) околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот, велат од МВР за „Фокус“.

Кумановецот бил пренсен во кумановската болница каде починал. Од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Куманово се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости