ВИДЕО Шилегов објави дека приведена е група при обид да го демолира зелениот кров на ГТЦ

by Фокус

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на фејсбук сподели видео-снимки на кои, според него, се гледа група која синоќа се обидела да го демолира зелениот кров на ГТЦ, меѓутоа, како што истакна тој, сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.

„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои “чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање. Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст“, напиша Шилегов.

Поврзани новости