826
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, беше забележан како игра игри на својот мобилен телефон на комисиската расправа денеска за аерозагадувањето. Шилегов беше снимен како реди нивоа на играта додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев.
Јавната расправа на која се дискутираше за загадувањето на амбиенталниот воздух, беше предложена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Видео: Пресинг ТВ