Канческа Милевска не гласала за амнестијата на ВМРО-ДПМНЕ, останатите пратеници кои се отцепија не биле присутни

by fokus

Пратеничката Елизабета Канческа Милевска, која беше дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред да биде исклучена од партијата затоа што гласаше за пристапување кон уставните измени, не гласала за амнестијата предложена од оваа партија на вчерашната собраниска седница.

Останатите пратеници кои се отцепија од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради нивниот глас за отворање на уставот, пак, не биле присутни на седницата.

„За“ гласаа само 28 пратениците. Поради тоа не беше усвоен предлогот дневниот ред на вчерашната седница да се прошири со Предлог закон за амнестија за лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април.

Во Собранието биле присутни 90 пратеници. Од нив гласаа 79, од кои 50 биле против, а Мирослав Јовановиќ од ССМ е единствен кој гласал воздржано.

Поврзани новости