ВИДЕО Северин тренирал бокс и пиел цела ноќ пред да ја убие новинарката

by Fokus

Северин Красимиров цела ноќ тренирал бокс и пиел, пред да ја убие новинарката Викторија Маринова. Жртвата била нападната спонтано, а целта била од сексуални побуди – информира за бугарските медиуми главниот обвинител Сотир Цацаров.

Околу убиството на бугарската новинарка, тој додава дека било извршено на исклучително брутален начин.

-Северин пиел алкохол цела ноќ, пред да започне да дебне во грмушките. Има сведоци кои го забележале во регионот, но нема очевидци на време на нападот и убиството. Пред Викторија, таму трчала и друга жена. Кога ја забележал Викторија, ја нападнал. Ја удрил со тупаница по лицето, од што и се скршил носот. Потоа ја завлекол во грмушките каде се борел со неа. Ја силувал на исклучително развратен и брутален начин. По убиството го оставил трупот. Уште на почетокот во Институтот по психологија беше направен профил на убиецот, кој ја даде правилната насока – ја пренесуваат изјавата на Цацаров бугарските медиуми.

По убиството на новинарката кое се случи во Русе, Северин успеал да побегне во Германија, каде беше уапсен денес. Зад себе имал криминално досие и бил осудуван за повеќе кражби.

Поврзани новости