Рускиот воен авион, ловец бомбардер Су-25 денес се урна во Азовското Море кај Јејск, соопшѕија руските власти од Оперативниот штаб на Краснодарската територија. Авионот се урнал за време на рутински лет, а причина за оваа несреќа се смета дефект на моторот.
Руските власти соопштија дека пилотот успешно се катапултирал.
Су-25 е оклопен, субсоничен борбен авион дизајниран за директна поддршка на копнените сили над бојното поле и уништување на објекти со дадени координати во сите временски услови, дење и ноќе.
„Околу 15:00 часот пристигна информација дека авионот Су-25 се урнал во близина на брегот. Нема видливи оштетувања на леталото. Специјалисти на Министерството за одбрана и припадници на специјалните служби се упатија на местото каде што се урна авионот“, се наведува во официјалното соопштение, пренесува РИА Новости.
Јејск се наоѓа на Азовското Море, „раскрсницата“ на украинскиот регион Доњецк, кој е под руска окупација.
Russian media report that a Russian Su-25 aircraft crashed into the water near Yeysk, Krasnodar region.
The pilot catapulted, it is unclear whether he survived. pic.twitter.com/P5Q2BDBbL0
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 17, 2023