(Видео) Се урна полициски хеликоптер во Турција, има загинати

by Fokus

Во Турција се урна полициски хеликоптер, при што загинаа двајца полицајци, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека загинале двајца полицајци, а еден е повреден.

Се наведува дека хеликоптерот полетал од аеродромот во Хатај во правец на Газиантеп, а контактот со леталото бил изгубен околу 11:30 часот по локално време.

Јерликаја изјави дека хеликоптерот паднал во близина на селото Картал во регионот Нурдаги кај Газиантеп.

– Повредениот член на екипажот, кој по професија е техничар, е префрлен во болница – изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.

Поврзани новости