716
Блокирани улици, заглавени автомобили, затворени објекти – ова е епилогот од невремето што ја зафати Северозападна Германија, каде денес цел ден врнеше дожд, кој, според прогнозите, ќе продолжи до сабота.
Дел од граѓаните се заглавени во ресторани или на работните места, каде ги затекна дождот, што ги оневозможи да стасаат до нивните домови.
Тие што биле дома, пак, не можат да излезат да се снабдат со основни продукти, а дополнителен проблем е што продавниците во најголем дел се затворени.