Пецаков против Георгиески за градоначалник на Охрид

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, ќе биде кандидат на опозициската партија за градоначалник на Охрид, потврди Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ДПМНЕ.

-Пецаков е познат и во лекарската фела како стоматолог, и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека може на Охрид да му го врати сјајот кој што во овие неколку години наназад Охрид го изгуби, па дури се најде и на црвената ризична листа на УНЕСКО – рече Милошоски на Сител.

Вчера, владејачкиот СДСМ објави 30 кандидати за градоначалници, меѓу кои беше и актуелниот градоначалник Константин Георгиески, кој ќе трча за уште еден мандат.

Поврзани новости