810
Српската заедница во Мелбурн и денеска цел ден беше пред хотелот каде што Новак Ѓоковиќ е во имиграциски притвор во знак на поддршка. Меѓу српските знамиња имаше и неколку македонски, а програмата беше од читање молитва од страна на попови до играње ора.
Имаше и музичари кои свиреа и пееја српски песни, а во еден момент ја запеаја и „Навали се Шар Планина“ со текст прилагоден на српски јазик.