408
Премиерот Зоран Заев е посветен на градењето социјална држава и поради тоа се грижи за стандардот на работниците, велат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев среде митинг јавно ги повикува компаниите да им дадат пари на работниците во пресрет на референдумот.
„Поддршката за домашните претпријатија од страна на државата е силен поттик за менаџерите на компаниите да ги покачат платите на работниците. Само мотивирани работници може да ја креираат економијата, да бидат нејзин двигател. Само така можеме да обезбедиме квалитетен живот, достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, напредна и просперитетна Македонија“, се наведува во партиското соопштение.
Од видеото објавено на интернет се гледа дека Заев апелира до сопствениците на компаниите да ги почестат работниците. „Сега ова е важно за компаниите, за граѓаните и за државата наша. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат па може да го отворат кесето малку повеќе“, рече меѓу другото Заев.