ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно побара компаниите да им дадат пари на работниците заради референдумот

by Фокус 16:32
16:32

Зоран Заев на отворена сцена, пред граѓани, среде митинг, повика и поттикна сопственици на компании и бизнисмени да ветуваат или даруваат подарок или друга материјална корист за избирачко право, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Заев побара компаниите да ги почастат работниците во пресрет на референдумот.

-Заев побара од бизнисмените да даруваат пари и материјална корист на вработените, од друга страна кон работниците настапи со барање и очекување за 6 илјади денари да ја продадат државата и идентитетот. Ова е скандал без преседан! Чист криминал за кој што во секоја правна држава се оди директно во затвор! Ваква монструозност, вакво отворено бесрамно признание, поттикнување и заплашување за изборни цели, е незапаметено во Република Македонија. Колку и да е клиентелистички и под притисок македонскиот правен систем, за ова мора да има кривична одговорност – рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Според него, признанието на Заев е потврда на кривично дело кое во правниот систем на државава е опфатено во најмалку четири Закони: Кривичниот Закон, Законот за спречување на корупцијата, Изборниот Закон, Законот за референдум.

-Ова е кривично дело кое директно удира врз највисокото демократско право, а тоа е правото на избор – порача тој.

Поврзани новости