(Видео)„СДС си даде автогол – Пендаровски со гордост кажуваше дека добил поддршка од Андреј Ковачев“ велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„СДС зацапа во кал. Кога веќе сакаат да го анализираат Андреј Ковачев, бугарскиот европарламентарец и негатор на македонскиот идентитет, еве им тонч. Андреј Ковачев во Софија и Брисел ја користеше изјавата на Пендаровски како клучен доказ и поткрепа на неговата реторика дека Гоце Делчев е Бугарин“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оваа бесрамна изјава Пендаровски им даде ветар во грб на негаторските кругови во Софија и тоа е една од неговите најголеми стратешки грешки. Едноставно Пендаровски му ги исполни влажните соништа на Андреј Ковачев и луѓето како него.

Второ, да биде поголем автоголот на СДС, истиот нивни пријател Андреј Ковачев го издвојува ВМРО-ДПМНЕ како најголема пречка на неговата негаторска и ревизионистичка политика.

Трето и најскандалозно, Стево Пендаровски со гордост се фалеше дека добивал политичка поддршка од еден лик како Андреј Ковачев. Затоа СДС треба уште денес да го прашаат Пендаровски какви му биле релациите со Андреј Ковачев, дали Ковачев го поучувал за етничката припадност на Гоце Делчев и дали Пендаровски го “продаде евтино“ Гоце Делчев за една политичка поддршка од Ковачев?!

Граѓаните чекаат одговори од СДС и Пендаровски“ порачаа од опозициската партија.

Поврзани новости