(Фото) СДСМ: И Мицкоски горд на слика со Ковачев, што има заедничко со негаторот на Гоце Делчев?

by Fokus

Не е само Гордана Силјановска, горд на слика со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев e и Христијан Мицкоски, велат од владејачката партија СДСМ.

„Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Јавно порачуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана. Што има заедничко Мицкоски со Ковачев?

Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?

Сликите кажуваат многу. Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија“ порачаа од СДСМ.

Поврзани новости