(Видео) Руските безбедносни служби запленија експлозиви скриени меѓу икони, транспортирани од Украина

by Fokus

Руските безбедносни служби (ФСБ) запленија 70 килограми експлозив со потекло од Украина, скриени меѓу иконите кои биле транспортирани низ земјите на Европската унија.

Запленувањето е извршено за време на проверка на пратката со икони и верски предмети во северозападниот регион Псков, на границата меѓу Русија и Латвија, соопшти ФСБ.

Се наведува дека е запрена „прекуграничната трговија со експлозиви кои доаѓаат од Украина преку земјите на ЕУ“.

Според ФСБ, експлозивите биле транспортирани во Русија од Украина преку Романија, Унгарија, Словачка, Полска, Литванија и Латвија.

Запленети се вкупно 70 килограми рачно изработен експлозив, како и импровизирани направи „скриени во икони и подготвени за употреба“.

Уапсено е лице осомничено за нелегална трговија, се додава во соопштението.

Поврзани новости