(Видео) Русите зазеле уште еден град, Украинците уништиле брод

by Фокус

Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола“ врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Градот во источна Украина беше под опсада со денови, а пред војната имал околу 48.000 жители.

Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти.

Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството.

Според информации кои ги пренесуваат светските медиуми, од утрово наводно гори пристаништето Бердјанск на југоистокот на Украина.

Според објавените податоци, Русите најверојатно ги разнеле резервоарите со гориво.

Во меѓувреме, украинското Министерство за одбрана соопшти дека го уништиле „Орск“, руски десантен брод во Бердјанск.

Поврзани новости