Едно лице загина, а 23 се повредени, меѓу кои и едно дете, во ракетни напади што руската војска ноќеска ги извршила врз регионот Миколаев, на југот на Украина, соопштија украинските власти.
Според гувернерот на регионот, Виталиј Ким, руските проектили, помеѓу објектите, погодиле и станбена зграда и приватна куќа во истоимениот град.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видеоснимка, на која, како што наведува тој во објавата, може да се види штетата предизвикана од рускиот напад врз Миколаев.
„Окупаторот не престанува да докажува дека главната цел на оваа војна е терор и уништување на Украинците и сè што е украинско. Ноќта Русија го гранатираше Миколаев со четири ракети Калибр, лансирани од Црното Море. Високопрецизното оружје беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и висококатница. Во моментов се знае за еден убиен и 23 ранети меѓу кои и едно дете. Вечен спомен на починатите и брзо оздравување на ранетите“, напиша Зеленски.
⚡️ Volodymyr Zelenskyi posted a video on the consequences of the russian shelling of Mykolaiv:
“At the moment, it is known about 1 killed and 23 wounded, including a child. Eternal memory to the deceased and speedy recovery to the wounded.” pic.twitter.com/gEkxMjQGha
— FLASH (@Flash_news_ua) April 27, 2023