Промоција на „Солуција“: Прибе, Рикер и Папандреу гости на Димитров

by Фокус

Поранешниот македонски амбасадор, министер и вицепремиер Никола Димитров денеска ќе ја промовира невладината организација „Солуција“, преку конференција со наслов: „Излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот“.

На овој настан, покрај Димитров, ќе учествува поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, поранешниот премиер на Грција и лидер на ПАСОК Јоргос Папандреу и Рајнхард Прибе, кој ја предводеше групата експерти ангажирана од Европската комисија по објавувањето на „бомбите“,  за да изработи анализа на ситуацијата, по што ги изготви итните реформски приоритети.

„Солуција” е невладина организација со мисија посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството; унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики“, стои на официјалната фејсбук страна на „Солуција“.

Поврзани новости