(Видео) Русија изврши голем ракетен напад врз енергетскиот систем на Украина

by Fokus

Русија рано утринава изврши жесток напад врз Украина со проектили и беспилотни летала.

„На денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна, нацистичкиот Путин изврши огромен ракетен напад врз Украина. Повеќе од 50 проектили и повеќе од 20 дронови Шахед беа истрелани врз инфраструктурата во Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кироворад, Запорожје и Ивано-Франковск“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на X.

„Сите служби за итни случаи излегоа на терен и веќе работат на ублажување на последиците од рускиот терор. Целиот свет мора да разбере кој е кој. Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“, порача Зеленски.

Руските воздушни напади утринава беа првенствено насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, соопштија украинските воени и енергетски претставници. „Уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија! Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко објави на својот Телеграм.

Целите беа објекти за производство и пренос на електрична енергија во регионите Полтава, Кировоград, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск и Виница, додаде тој. Освен регионот Запорожје, сите останати се далеку од линијата на фронтот, која минува низ источниот и југоисточниот дел на Украина.

Поврзани новости