(ВИДЕО) Роналдо и со 40 години држи фудбалски лекции – стигна на 36 гола од границата од 1.000 гола

by irena 22:48
22:48

Напаѓачот на Ал Наср, португалскиот ас Кристијано Роналдо, повторно покажа зошто, дури и на 40-годишна возраст, се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Португалецот ја погоди мрежата во 13-тата минута од натпреварот против Ал Хазм и му донесе водство на својот тим, потврдувајќи дека продолжува да прави разлика на најголемата сцена на саудискиот фудбал.

Со овој гол, Роналдо стигна до импресивната бројка од дури 500 постигнати голови по 30-годишна возраст, објави Фабрицио Романо.

Во исто време, тоа беше неговиот 963-ти гол во неговата професионална кариера, со што дополнително го зацврсти своето место во историјата на светскиот фудбал .

Во 79 минути, при резултат 3-0 за неговиот тим, Роналдо стигна до својот втор гол на натпреварот, па се доближи на само 36 погодоци до магичната граница.

Слични вести